Симона Димковска
Претседател
Симона Димковска е родена во 1989 година во Куманово. Покажи Повеќе
. Средно училиште завршува во Гимназијата Гоце Делчев во 2008, а во 2011 дипломира архитектура на Архитектунскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
На истиот универзитет при Факултетот за драмски уметности во 2014 дипломира актерска игра.
Успешно ги комбинира и применува знаењата од обете области. Работи како сценограф на претставите Љубоф (2013) во продукција на Младинскиот Културен Центар во Скопје, но и на претставата Бог на масакрот (2014), магистерска претстава во продукција на Факултетот за драмски уметности.
Како актерка игра во претставите на познатиот Слободан Унковски: Солун – град на духови (2014/2015), Лерин (2016) – обете во продукција на независниот „Театар на навигаторот Цветко.“ Игра и во претставата Ајнштајновите соништа (2015) во копродукција со НУ Театар „Војдан Чернодрински“ - Прилеп. Во 2016 година е ангажирана и во претставата Антигона и Креонт во режија на Нела Витошевиќ.
Од областа на филмот и телевизијата, се појавува во неколку реклами од кои, за едната, соработува со режисерот Милчо Манчевски. Исто така, се појавува во неколку серии од кои во едната изведува на руски јазик, а е во режија на Тимур Алпатов.
Има улога и во филмот Тајната состојка (2017) на режисерот Ѓорче Ставрески.
Учествувала и на многу работилници на различни теми: Чехов, глас и тело, политика и театар и тн.
Зборува англиски и српски јазик.
Покажи Помалку