добра состојба - мала интервенција
лоша состојба - средна интервенција
многу лоша состојба - голема интервенција
Детално истражување за напуштени објекти кои претставуваат (потенцијална) закана за безбедност и општото здравје за луѓето, животните и животната средина, нивна реставрација или пренамена, и реупотреба за општо добро.
Со цел правилно да се искористат пропаднатите фабрики и останатите објекти во државна или приватна сопственост, кои имаат потенцијал за воведување на соодветна функционална програма или имаат културно-историски идентитет, а се наоѓаат во загрозена состојба, како и, да се информираат граѓаните за: сопственоста, моменталната состојба, степенот на загрозеност, влијанието на објектите кои се загрозени, а непосредно и околината, можните идејни решенија на проблематиките и ревалоризирање и редефинирање на градската инфраструктура, овој проект првично ќе се насочи кон евидентирање, мапирање и визуелна техничка документација на истите.
Во согласност со горенаведеното, првична цел на овој проект е да се изработи апликација - интерактивна мапа со која што ќе може да се изврши евиденција (увид за моменталната состојба) преку визуелен приказ на напуштените објекти. Апликацијата ќе биде од едукативен карактер и до неа ќе имаат пристап заинтересираните граѓани. Податоците од извршеното истражување ќе бидат презентирани пред надлежните државни органи и локалното население, каде ќе се дискутира и за пронаоѓање на соодветни креативни архитектонски решенија за: реставрација, конзервација и ревитализација на објектите; во соработка со стручен тим од областа на архитектурата (студенти од Архитектонските факултети на локално и глобално ниво и лица кои професионално се занимаваат со архитектура).